×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Топ пет квалитети кои ќе ве доведат до успех на вашето работно место

    10.01.2020 19:56 | KumanovoNews

     Kомпетентност, посветеност, совесност, прилагодливост и позитивна политика, се карактеристиките коишто треба да ги поседувате за да бидете квалитетен  работник.

    Топ пет квалитети кои ќе ве доведат до успех на вашето работно место

    Пред да започнете да работите на некое работно место кое го посакувате или пред да ја поднесете вашата кратка биографија за да ја добиете работата од особена важност е да ги поседувате овие 5 карактеристики,  вели професорот по лидерство Роналд. Е. Ригио.

    Основните пет работи кои ги нуди професорот, не ги опфаќаат само вештините кои работникот треба да ги поседува за одредена работа туку и самата емоционална интелигенција која е неопходна за да се справи и „носи“ со одредени предвидливи и непредвидливи ситуации на работното место.

           Топ пет квалитети кои ќе ве доведат до успех на вашата работа:

    1.       Компетентност

    Иако ова значи очигледно, сепак поседувањето на одредени вештини и знаење за работата која сакате да ја работите или ја работите е многу важна основа за успех. Дали ова значи дека откако ќе влезете во одредеа компанија вие треба да сте најдобри? Не! Но, сепак во компании каде се наградува напредувањето, од особена важност е вашата компетентност да не остане константна туку да се надоградува. Доколку, велат експертите, вашиот напредок не го забележуваат вашите претпоставени, тогаш веројатно за брзо време треба да побарате друго работно  место;

    2.       Посветеност

    Вториот начин да покажете дека сте заинтересирани за работата е вашата мотивираност и посветеност на истата, тимот и организацијата. Но, за ова да го поседувате, треба да ја споделувате целта на самата компанија, па со самото вклучување во тимот да одите надвор од она што го имате споменато во кратката биографија како своја предност. Односно да ја покажете својата посветеност и преку помагање на другите на работата, да разговарате за работата и надвор од работното место итн. Едноставно да покажете дека се грижите и го вреднувате она што го работите;

    3.       Совесност

    Ова ја доведува во прашање вашата способност да го исполните она кое го имате ветено, односно да ги почитувате поставените рокови, со што ќе ја добиете довербата и на вработените и на вашите претпоставени. Осигурувањето дека работите навремено и точно е од особена важност за компанијата со која соработувате;

    4.       Прилагодливост

    Ова е од особена важност затоа што оваа способност значи и добро менаџирање со непредвидливите ситуации на работата. Ако воспоставите репутација дека успевате да ги калкулирате кризните ситуации тогаш сте блиску до успехот;

    5.       Позитивна политика

    Сите знаеме дека политиката е составен дел од нашиот живот, па така таа не може да се изостави и од работата. Како што посочува психологот Роберт Хоган, треба да служи за да се изнајде начин како на позитивен начин да се здружат вработените за доброто на работата.