Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската ѕвезда е една од најпопуларните личности во светот, ако се суди по анкетите на сајтот whopopular.com, кој има за цел до крајот на годината да избере најпозната ѕвезда во светот во разни области.
Според гласовите на посетителите, покојниот крал на поп музиката може да парира само на трагично починатиот Тоше Проевски. Имено, до сабота за Џексон гласале 294.606 посетители, додека на македонскиот пејач свој глас дале 262.849 посетители на сајтот.
Интересно е тоа што за Џексон главно гласаат фанови, додека Проевски добил поени од луѓе кои се претставуваат како обожаватели на неговата музика.