Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џон Траволта и Оливија Њутон-Џон, легендарниот пар од „Grease“, за прв пат по култниот филм снимија заеднички проект.
Тие се дел од божиќен албум, во кој учествуваат и други, не помалку познати ѕвезди, во спомен на синот на Траволта Џет, кој почина во 2009 година.
Со Оливија повеќе пати зборувавме дека треба повторно да запееме заедно. Добро е што се случи овој проект, изјави Траволта.
Во 1978. година во музичката комедија „Grease“ настапија заедно американскиот актер и неговата австралиска партнерка во улогите на Дани и Сенди. Тогаш песната „You`re The One That I Want“ стана вистински мега-хит.
Покрај Траволта и Њутон-Џон како дел од божиќниот албум „This Christmas“ се и Барбра Стрејсенд и Тони Бенет.