Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Constantin Films денеска го објави интернационалниот трејлер за нивната нова анимирана 3Д авантура Тарзан.
Во последната адаптација за познатиот јунак од новелите на Едгар Рајс Бароу, Тарзан и Џејн мора да се соочат со тим на платеници испратени од злобниот извршен директор на Greystoke Industries, човекот кој ја презема оваа компанија по смртта на родителите на Тарзан.
Гласовите ги позајмуваат Килан Латз, Џејми Реј Њуман, Брајан Хаски, Спенсер Лок и Ед Осмонд. Режијата е на Реинхард Клос, додека сценариото го напишаа Џесика Постиго и Јони Бренер.
Тарзан ќе се појави во кино салите на 10-ти октомври.