Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сашо Мацаноски - Трендо, основач на македонски портал On.net, си заминува од него по 12 години работа. Трендо одлуката на читателите им ја соопшти лично на порталот.
По долго и тешко размислување, дојде време да се разделам со моето 12 годишно милениче наречено он.нет.мк. Дигам сидро од овде. Ништо драматично. Едноставно, мислам дека во вакво корпоративно гнездо, работењето на ваков сајт ќе стане прилично незабавно.
А не беше тоа финтата.
Сајтот функционираше во рамките на фирми на кои овој медиум не им беше главна цел. Ваков он.нет.мк, со мене на него, издржа цели 11 години под едно знаме (Интернет провајдерот Он.нет) и цели 5 месеци под друго (Оне, Телеком Словенија). Њима хвала.
Имаше и покомфорни и побезбедни решенија од ова напуштање, но, петлето вика вака.
Сега ми е малку криво што во меѓувреме мораше да се работат и други работи кои ме оддалечуваа од сајтот: две години правење на BoomTV, блог платформа со неверендинг кавги и меилови во кои блогери се кодошат меѓусебе, Зулу, рекламни кампањи, состаноци, тендери, свашта.
Време е да се рисајзне и преплете целата приказна. Не дека нема веќе предизвик. Во 2000-та година, проблем беше што немаше речиси ништо во македонскиот интернет простор. 12 години подоцна, проблем е што во него има речиси се, само што добар дел од тоа е безначајно по смисла и фолирантски по изведба.
На екипата која останува им посакувам се најдобро, на моиве од фамилија им ветувам дека нема да ги оставам гладни а вам, дека се читаме наскоро, на некое пораат и понаше место- пишува во писмото Трендо, објавено на он.нет.мк.