Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Младинскиот културен центар “Козјак“, од 6 декември ќе се прикажува филмот “Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, кој се бори за Оскар.
- Филмот само во Скопје го гледаа 60.000 гледачи, а од денеска се прикажува и во киното “Милениум“. Секаде каде бил прикажуван филмот низ Македонија се барало билет повеќе. Во филмот играат нашите сограѓани актерите Сашко Коцев и Тони Михајловски, а главната улога ја толкува Катарина Ивановска - вели Мирослав Крстевски, управител на МКЦ “Козјак“.
Филмот ќе се прикажува во два термини, во 19 и 21 часот.