×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три начини како да сте посреќни во бракот

    22.08.2019 12:25 | KumanovoNews

     Во моментот дури 45 проценти од брачните врски завршуваат со развод, затоа е подбро да спречи отколку да лечи. Постојат три правила како да имате посреќен брак.

    Три начини како да сте посреќни во бракот

    1.      Стапете во брак кога сте повозрасни

    Истражувањата покажуваат дека нашата личност на 20 години не одговара на нашата личност од 50 години, но нашата личност на 30 години одговара на нашата личност од 50 години.Затоа психолозите препорачуваат да се стапува во брак по 25-тата година, бидејќи сме економски постабилни, но и затоа што најновите невропсихолошки истражувања покажуваат дека човековиот мозок се развива дури и до 25-тата година.

    2.      Најважна е личноста

    Психологот Готман открива дека најсреќните и најстабилните врски,  на подолг период, се оние каде партнерите ја делат моќта. Нееднаквоста во бракот е клучната причина за дисфункционалноста во партнерските односи и дури 81% од разводите се случуваат поради истата причина. Најчесто мажите на кои може да се влијае, подоцна стануваат добри татковци, а жените на кои може да се влијае се оние жени кои вие сте ги почитувале уште пред да стапите во брак со нив.

    3.      Чувајте му го грбот на партнерот

    Најнеобично е кога луѓето ќе се разведат по 30 или 40 години брак. Зошто се случува тоа? Истражувањата покажуваат дека причината за овие разводи е губењето на доверба. Никогаш на парнерот не му ветувајте нешто коешто не можете да го исполните, зашто потоа ќе треба да ги „помрднете и небото и земјата“ за да не ја разнишате неговата доверба. Партнерите во подоцнежните години очекуваат да бидат заштитени: почнувајќи од тоа кога се болни, па сѐ до ситуација каде ќе бидат вербално нападнати.

    Разводот (најчесто) може да се спречи во два периодa:

    - кога бракот е веќе во поодмината фаза;

    - порано, пред да се родат децата.

    (Извор (George Blair-West, 3 ways to build a happy marriage and avoid div)