Три нови песни од Тоше
15.11.2012 10:52
| KumanovoNews
Минатата сабота, во Загреб беше одржана студиска премиера на три досега необјавени песни на трагично загинатата македонска икона, Тоше Проески.

Овие три нумери ќе бидат објавени на 25 јануари 2013 година, на денот кога Тоше требаше да наполни 32 години.
На студиската премиера присуствуваше и Енди Рајт, лондонскиот продуцент кој работеше на постхумниот албум на пејачот, "The Hardest Thing", внукот на пејачот, Кристијан Ристевски и зетот и директор на фондацијата "Тоше Проески", Славен Ристевски.
Една од нумерите ќе биде и прекрасната песна "Where Do I Belong".