Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Филмот „Argo“ на Бен Афлек е прогласен за најдобар филм на 85. доделување на Оскарите што се одржа вчера во Лос Анџелес, додека четири признанија, вклучувајќи го и тоа за најдобра режија, освои филмот на Анг Ли „Life of Pi“.
„Недела е, сите сме свечено облечени. Па, ова изгледа како да сме во црква, само што луѓето се молат повеќе“. Со овие зборови комичарот Сет Мекфарлан го опиша доделувањето на наградите во театарот Долби.Оскарот за најдобар филм му припадна на Бен Афлек за „Argo“, кој важеше за фаворит. Покрај Џек Николсон наградата по пат на видео порака ја додели првата дама на САД, Мишел Обама.
Бев тука пред неколку години и немав претстава за тоа што го правев. Излегов и никогаш не се надевав дека ќе се вратам на оваа сцена. Но, не е важно колку пати паѓате во животот, се додека знаете како да станете-рекол Афлек.
„Argo“ ги освои признанијата во категоријата за адаптирано сценарио и монтажа.
Признанието за најдобра режија го доби Анг Ли за „Life of Pi“, прв филм во неговата кариера снимен во 3Д.
Младата Џенифер Лоренс е прогласена за најдобра актерка за главната улога во „Silver Liningс Playbook“ на Дејвид О Расел.