×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • "Турковизија" наместо "Евровизија"

    23.09.2013 18:16 | KumanovoNews

    Република Турција, која минатата година се откажа од учеството на Евровизија и оваа година нема да се натпреварува.

    "Турковизија" наместо "Евровизија"

    Турските пејачи на локално ниво ќе имаат можност да ги покажат своите таленти во изборот за песна наречен "Турковизија".

    Во натпреварувањето ќе може да имаат учество и ѕвездите од другите земји вклучувајќи ја и Босна и Херцеговина.

    Всушност, Турковизија е направена со цел да се натпреваруваат земји кои историски и културолошки се поврзани со Турција.

    Ахмед Швракиќ, директорот на "Hayat" продукцијата, во рамки на истоимената босанска телевизија потпишале договор со организаторите на "Турковизија" и оваа година претставникот на Босна и Херцеговина ќе биде групата "Emir & Frozen Camels".

    Иако турските претставници на Евровизија имаа добар пласман, нивниот јавен сервис ТРТ одлучил да го бојкотира натпреварувањето за песна на Евровизија, поради правилата кои налагаат Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шпанија директно да се пласираат во финалето.

    Учество на "Турковизија" веќе потврдија Босна и Херцеговина, Азербејџан, а ќе бидат поканети и Северен Кипар, Казакстан и Киргистан.

    Полуфиналната вечер ќе биде одржана на 19. и 21. декември, а финалето е на 23. декември во Ескишехир.

    "Турковизија" како фестивал постои подолго време, но досега право на учество имале само композициите на турски јазик.