×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учење во изолација: Родители, улогата на наставник понекогаш препуштете му ја на вашето дете

    05.04.2020 19:27 | KumanovoNews

    Во времето кога децата не одат на училиште, од осоена важност е тие да не престанат да читаат. Иако честопати за децата, ова наликува на „летен распуст“, сепак родителите треба да водат грижа за врмето кога децата ќе треба да се вратат помеѓу клупите.

    Учење во изолација: Родители, улогата на наставник понекогаш препуштете му ја на вашето дете

    Најчестите поплаки на родителите овие денови се дека: детето не ги слуша нив како учителката, дека домот не е му дава чувство на училница, дека тие не можат да бидат сѐ, па и наставници, исто таа дека ова време наместо да му биде помалку болно, тие како дежурен полицаец цел ден викаат по него за да учи, учителките им праќаат лекции на интернет, а чиитањето од интернет не му го задржува вниманието како од читањето од книга, дека сите се дома и просториите стануваат тесни за тоа да се сконцентрира и уште многу други потешкотии.

    За родителите: вие нема да му бидете наставничка постојано, ова е само повремено

    Она што го препорачуваат наставниците ширум светот е децата да не престанат да читаат. Во последно време, велат тие, децата сѐ повеќе имаат проблеми со читање, а исто така и со изговор, па најчесто наставничките се соочуваат најпрво со потешкотии детето да се научи правилно да говори, па дури потоа да се учи да чита. Затоа доколку вашето дете до одреден степен знае да чита, вежбајте го тоа секојдневно со него. За тоа не мора да имате диплома за професор. За да биде поинтересно може да го снимате на мобилен, за да види тоа како звучи и потоа да се поправи или пак можете да го снимате додека чита.

    Дозволете му на детето да биде во улога на наставник

    Уште од Аристотел е познат „мимезисот“, наједноставно речено имитацијата. Луѓето се склони да ги имитираат работите и да стануваат тоа што го имитираат. Па дури словенечкиот философ Славој Жижек, вели дека ние сме повеќе она што го имитираме отколку она што не го имитираме. На пример: никој од нас не се родил како судија, доктор, наставник, ппрофесор итн., но во текот на животот со имитирање на улогата на наставникот или докторот станува наставник или доктор. И колко подобро влезе во улогата станува уште подобар. Па така, на вашето дете можете да му дадете можност тоа да биде ваш наставник, а вие негови ученици, а притоа вклучете некој од паметните уреди и снимајте го и по завршувањњето на часот покажеете му каков наставник бил. Децата реагираат позитивно кога себеси се гледаат како „херои“.

    Бидете трпеливи со нив и не барајте од нив да бидат најдобри

    Во филозофијата постои една интересна мисла која постојано кружи низ сите возрасти, а таа „одеше“ вака: „Најпаметниот ум ќе ја погаѓа целта за другите недосттижна, но генијалниот ум ќе ја погоди целта за другите невидлива.“. Затоа не си создавајте очекувања од вашето дете уште пред да почнете со него да работите. И никогаш не го учете на „слепо читање“ или пак слепо учење, дозволете му да импровизира. По некоја прочитана страна оставете го и тоа само да состави слична приказна. Разбудете ја другата страна кај детето кое ќе ги гледа работите кои ние возрасните веќе сме заборавиле како се гледаат.

    Читајте им на децата сказни или тие нека читаат, бидејќи сказните ги учат децата што е добро а што лошо

    Фантастичноста во сказните не ги одделува децата од реалноста

    Ниту едно дете по петата година од животот не ја гледа фантазијата како реалност, вели австрискиот психолог и психоаналитичар Бруно Бетелхајм,  бидејќи тоа се сочува со реалноста и сосема е свесно дека кога мајката ќе го повика на вечера дека не е принцеза или принц. Овој психолог смета дека читањето на сказните е здраво и пожелно затоа што тоа за детето претставува негово внатрешно патување, развивање на имагинацијата и креативното мислење, а со самото завршување на сказната детето како „да излегува од хипноза" со што се чувствува сосема порелаксирано.

    Во сказните децата се идентификуваат со јунакот

    На овој начин децата не само што ја гледаат позитивната страна на тоа да се биде добар, туку и  несвесно си поставуваат сериозни психолошки прашања, пример: на кого од ликовите јас личам и зошто е тоа така? како и јас да бидам како јунакот? зошто јунакот станал јунак, а другиот анти-јунак? итн. Исто така, сказните се користат и како детска терапија. Детскиот психолог Герилда Ортнер, смета дека сказните се исклучително погодни за надминување на менталните бариери помеѓу децата и возрасните и дека помагаат низ игра и сказни децата да се занимаваат со своите проблеми и активно да работат на нивното однесување. Она што треба да направат родителите е да се информираат на која возраст кои сказни можат да им ги читаат на своите деца, а  не да им ги одземат сказните на децата а со тоа и можноста за развивање на креативноста и фантазијата или соочување со злото на реалниот свет.