×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Украдена виолина на Страдивариус најдена во Англија

    01.08.2013 06:09 | KumanovoNews

    Виолина од марката „Страдивариус“, со проценета вредност од околу 1,4 милиони евра, која во во декември 2010 година била украдена во Лондон, била најдена во одлична состојба во Англија, објави новинскат аагенција „Фрнас Прес“, повикувајќи се на информација на англиската полиција.

    Украдена виолина на Страдивариус најдена во Англија

    Крадци ја однеле скапата виолина и две гудала за неа, вредни 78.000 евра, од виртуозот на овој инструмент Ким Мин Џин, додека таа јадела во еден ресторан за брза храна во близина на станицата Јустон во Лондон.

    Неможев да им поверувам на своите уши, кога ми ја соопштија радосната вест. Многу сум среќна-рекла Корејката, Ким Мин Џин.

    Виолината изработена од италијанскиот мајстор Антонио Страдивариус во 1696 година, била најдена во вила во централниот дел на Англија. Во март, годинава, пак беше објавено дека тристагодишната виолина е најдена во Бугарија. Но, по извршената експертиза било утврдено дека најдениот инструмент е копија и тоа стара не повеќе од 100 години.