×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Умереното конзумирање на алкохол ја подобрува способноста за креативно размислување

    17.04.2012 09:03 | KumanovoNews

    Според најновото истражување, умерената конзумација на алкохол го изострува умот и влијае врз подобрување на концентрацијата. Мажите кои консумираат по едно пиво пред решавањето на различни задачи, се справуваат подобро во нив, отколку оние кои не употребиле никаков алкохол, откриваат психолозите од Универзитетот во Илиноис.

    Умереното конзумирање на алкохол ја подобрува способноста за креативно размислување

    Групата на испитаници кои земале по две алкохолни пијачки пред решавањето на тестот дале многу поточни и логични одговори за разлика од оние кои не земале ништо – истакнуваат научниците.

    Научниците сметаат дека алкохолот пречи во аналитичкото размислување, но за сметка на него го подобрува креативното размислување и дава подобри креативни решенија. Во истражувањето биле вклучени 40 здрави мажи. Половина од нив земале по две чаши пиво пред решавањето на тестовите, а другите не конзумирале никаков алкохол.

    Истражувањето било спроведено од страна на група психолози од Универзитетот Илиноис, а резултатите се објавени во списанието Consciousness and Cognition.