Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според модераторот Тим Фрулинг песната "Црно и бело" влегува под кожа и посебно му се допаѓа делот кога песната добива динамика во темпото.
Во рамките на евровизиската промотивна турнеја Калиопи настапила во Лондон, каде што се претставиле и претставниците на: Португалија, Унгарија, Азербеџан, Словенија, Литванија, Франција, Сан Марино. Предходно песната "Црно и бело" ја слушна и публиката во поранешните југословенски републики, како и Белорусија, Украина, Турција, Албанија, Бугарија и Обединетото кралство. Минатиот викенд во Амстердам, Холандија учествуваше на најголемиот евровизиски промотивен настан "Eurovision in concert"
За претставниците на Холандскиот радиодифузер TROS, германската NDR, SBS 6, France 3, RTL, како и за медиумите од Азербеџан, Турција, Малта, Романија и Молдавија, покрај разговорот Калиопи, со задоволство отпеала дел од евровизиската песна.
Во вториот дел од настанот во Амстердан се одржал концерт на 23 евровизиски учесници во клубот Melweg, каде исклучителниот настап на Калиопи особено им се допадна на претставниците на Малта, Албанија и Грција.
"Многу сум среќна и задоволна, бидејќи настанот во Амстердам ги надмина и моите очекувања. Од громогласниот аплауз на публиката сфатив дека имав впечатлив настап " истакна Калиопи.
За подобро претставување на Македонија на Евровизија, тимот на Калиопи го сочинуваат Љиљана Петровќ (менаџерката на Тоше Проески), Расел Дејвис и Рој Бенет од Обединетото Кралство.
Германската државна телевизија DasErste за Калиопи изјави: Иако е повеќе од 30 години во музичката индустрија таа изгледа како 20 годишна. Има вистински глас.
Според модераторот Тим Фрулинг песната "Црно и бело" влегува под кожа и посебно му се допаѓа делот кога песната добива динамика во темпото. Кога тој би гласал на Македонија би доделил 8 поени. Уште една предност е фактот што Македонија ја претставува најголемата музичка ѕвезда.
Прогнозирам дека Калиопи ќе добие многу поени од државите од поранешна СФРЈ-изјави Тим.