Утре концерот на Тајзи во Универзална
28.11.2014 10:50
| KumanovoNews
Кумановскиот реге пејач Тајзи, утре во Универзалната сала ќе одржи прв солистички концерт.

Специјален гостин на концертот ќе биде Слаткаристика, а имињата на останатите учесници на концертот сеуште се држат во тајност.
Билетите се продаваат по цена од 250 денари, а на влезот на Универзална сала ќе чинат 300 денари.
Оваа недела на „МАРС 2014“ Тајзи доби награда за најпопуларен радиски Ар’Ен’Би/Рап хит во 2014 година за песната „Дома си е дома“. На почетокот на овој месец, излезе и новиот спот за песната „Дај ми само ден“, што говори дека Тајзи работи во полна пареа пред концертот.