×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вашето дете не е безбедно на интернет: што треба да преземете?

    04.12.2019 10:55 | KumanovoNews

    Децата голем дел од своето време го поминуваат на интернет, а се' почесто се мета за искористување и злоупотребување на нив самите и нивите информации.

    Вашето дете не е безбедно на интернет: што треба да преземете?

    Тие најчесто го користат интернетот за да гледаат некое видео, за да играат игри, да се допишуваат со своите пријатели, со семејството или за пишување на своите домашни работи.

    Со оглед на тоа дека децата многу често го користат интернетот без овластување или надзор од родителот може да дојде до загрозување на нивната безбедност.

    * Три најчести ризици за безбедноста на детето на интернетот

    1. Ризична содржина

    За децата на училишна возраст, овие ризици вклучуваат содржини кои можат да бидат вознемирувачки, односно содржини кои се исполнети со насилства, порнографска содржина или пак слики за истите содржини кои и те како ќе влијаат негативно врз нормалниот психички развој на децата;

    2. Ризици на контакт

    Во оваа група на ризици спаѓаат контакти со луѓе кои не ги познаваат или пак споделување на лични информации со некоја група на луѓе кои можат да ги искористат информациите и да им нанесат штета. Децата треба да внимаваат и на децата треба да се внимава, затоа што многупати зад екранот може да се крие сосема друга личност од онаа што ја гледаат на социјалните мрежи;

    3. Ризик од губење на контакт со реалноста

    Многу психолози, сметаат дека интернетот е небезбедно место за растење на децата, затоа што тие на тој начин создаваат нереална слика не само за себе туку и за светото околу нив. Најчесто децата, па и сите останати на социјалните мрежи прикажуваат една „слика“ која во реалноста е сосема различна и заради која може да се дојде до конфликт помеѓу децата. Дури и затоа што, интернетот е глобална мрежа, каде децата доколку се скараат меѓусебно можат да поттикнат и насилство кое додека да биде препознаено може да заземе и поголеми размери и да стане сосема ризично.

    * Кои се работите кои можат да ги преземат родителите:

    1. Правење на заеднички фамилијарен план

    Психолозите велат дека ова е добар начин за справување со проблемот,  затоа што при правење на ваков план вие му давате на детето и право на избор, па на тој начин можете и да влијаете на неговата одлука што ќе гледа, а што не. Овие планови се особеноо продуктивни затоа што кај децата предизвикуваат грижа на совест доколку се прекршат;

    2. На вашиот компјутер инсталирајте пребарувачи кои ќе бидат наменети за детска возраст;

    3. Проверувајте ја содржината која ја има гледано вашето дете во текот на денот. Иако ова е прекршување на приватноста и може многу да ги налути децата, сепак многупати се покажало како еден од најефикасните методи за спречување на несакани ефекти и заштита на детето;

    4. Блокирајте ги апликациите за купување;

    5. Разговарајте со вашето дете за безбедноста на интернетот, бидете негов модел како навистина треба да се користи она што го има. Покажувајте му страни кои се наменети за неговата возраст и кои се работени исклучиво од професионален тим. Посоветувајте го најпрво да разговара со вас пред да донесе одлука да инсталира некоја апликација или пред да споделува некои негови или семејни информации на социјалните мрежи.