×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија

    16.01.2020 10:33 | KumanovoNews

    Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 56-то издание на Евровизија, кое ќе се одржи во мај годинава во Ротердам, Холандија.

    Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија

    Гарвaнлиев најчесто го паметат по песната „Марионка“ која ја испеа на фестивалот „Златно славејче“ пред 28 години, а претходната година беше и придружен вокал на настапот на Тамара Тодевска на Евросонг.

    - И покрај тоа што имам долгогодишно искуство на меѓународна сцена, свесен сум за предизвикот и за одговорноста што претстојат на овој глобален настан, особено по успешниот пласман на Тамара минатата година,- напиша Гарванлиев на Фејсбук.

    Тој е роден во Струмица 1984 година, а на сцената за првпат се појавува на седум години со песната „Марионка“, меѓутоа на десет годиншна возраст заедно  со неговите родители заминува во САД. Потоа неговото семејство се преселило во Чикаго, каде започнал да се занимава со оперска музика. Од 2018 година живее и твори во неговиот роден град Струмица.

    (фото.Фејсбук)