Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската тенисерка Ана Ивановиќ (28) и германскиот фудбалер Бастијан Швајштагер (31), најверојатно ке се венчаат на 12-ти јули на тајна локација, пренесува германскиот „Билд“.
Според нивните информации, популарниот спортски пар ке го изговори судбоносното „да“ два дена по завршувањето на Европското првенство во фудбал во Франција.
Идниот брачен бар веќе пратил покани на гостите, но не е наведено каде ке се венчаат за да церемонијата биде одржана далеку од очите на јавноста и во потполна тајност. Единствено е познато дека гостите ке се соберат на 11-ти јули на аеродромот во Минхен, од каде со приватен авион ке одат на венчавката која е закажана на засега непозната локација.
На гостите им е кажано да планираат три дена за нивната свадба 11,12 и 13-ти јули, а на листа на поканетите е германската тенисерка Анѓелика Кербер, колегите на Швајштагер од германската репрезентација, а наводно и Енди Мареј.
Веќе долго се шпекулира за венчавката на убавата Србинка и германскиот фудбалер, а како можни дестинации некои медиуми ги спомнувале Србија, Лондон и Венеција. Информацијата дека Ана и Бастијан ке се венчаат на почетокот на февруари ја открила Анѓелика Кербер, изјавувајќи дека се радува на нивната свадба, но не сакала да открие каде и кога ке се венчаат.
Фото: www.dailymail.co.uk