"Вертиго" на Хичкок најдобар филм на сите времиња
03.08.2012 07:36
| KumanovoNews
Критичарите на весникот "Sight and Sound" го прогласија “Vertigo“ на Алфред Хичкок за најдобар филм на сите времиња и со ова по 50 години го симна од врвот “Citizen Kane“.

Во главните улоги во ова незаборавно остварување се Џејмс Стјуарт и Ким Новак, а филмот е снимен далечната 1958 година.
Во гласањето учествувале 846 критичари, членови на филмската академија и филмски дистрибутери, а филмот на Хичкок полека се качува на врвот во последните 30 години – на почетокот “Vertigo“ беше на седмото место, четврт во 1992 година, втор во 2002 и сега е на првото место.