Мени

Весна Бејби со стенд-ап настап во НA-MA

18.02.2014 17:40 | KumanovoNews

Во четврток  во ноќниот клуб НАМА ќе гостува актерката Весна Бејби Петрушевска со станд-ап комедија.

Весна Бејби со стенд-ап настап во НA-MA

Единствената жена меѓу македонските стенд-ап комичари подготви кабаре со сочни муабети, музички парчиња, возбудлива женска перспектива и хумор без лицемерие и цензура. Секогаш актуелниот и провокативен хумор ќе биде придружуван од Мартинијан Кириловски и H.Q. Band.

Во петок атмосферата ќе ја загрева Сабри Кастрати (DJ Saab) еден од најперспективните и најиновативните диџеи.

За саботната забава ќе бидат задолжени ICEBERG И LEPHONQ, а во недела викендот завршува со ретро хитовите на Retro Flashback и Баже.