Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во средата, 27-ми февруари на првата програма на МРТ беше премиерно претставена евровизиската песна „Империја“ во изведба на Есма Реџепова и Влатко Лозаноски Лозано, но веројатно поради бројните негативни коментари и забелешки за видео записот, за помалку од 24 часа истиот стана приватен на сервисот ЈуТјуб.
По екстремно лошите критики на јавноста, повлечен е спотот на Есма Реџепова и
Влатко Лозаноски за песната „Империја“, со кој Македонија треба да се претстави на овогодинешната Евровизија.
За сега не е јасно кој го повлекол спотот, а МРТ се огласи дека истиот ниту го постирала ниту го одстранила од било која веб-страна на Интернет.
Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, Љупчо Мирковски објаснува дека МРТ како и минатата година, дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализацијата на видео записот за песната којашто годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за Песна на Евровизија 2013 - во Малме, Шведска .
Како официјална членка на ЕБУ, МРТ смета дека видео записот комплетно изработен од Егзит Б. Продукција, не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно представување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот, кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван - велат од МРТ.