Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Не се предавам“ е насловот на новата песна на Виктор Апостоловски. Темата е автобиографска, односно во неа се обработува еден мал дел од неговиот живот.
Исто како и ПМС и оваа е негово целосно дело, но овој пат обработува повеќе животни моменти, односно доловува делови од неговиот живот за кои малкумина знаат. Самиот наслов ја кажува пораката на песната, а за што се пее во текстот ќе дознаете кога ке ја слушнете.
И оваа песна доби видео запис, кој ке имаме можност да го видиме веќе следната недела. Виктор овој пат соработуваше со продукцијата „Гнасни деца“ кои исто така се од Битола. Тие се негови врсници кои до сега имаат изработено неколку прекрасни дела, работат особено професионално, такашто се очекува одлично да ја доловат приказната во песната.
Успешниот идол најчесто работи со млади луѓе од неговиот крај. Најголема причина за тоа, е сонот кој сите ние го имаме. Сите копнееме и стремиме кон иста цел и верувам дека полесно ке стигнеме до нашиот сон ако си дадеме шанса едни на други, односно ако соработуваме, ако си помагаме. Живееме во еден свет каде владее само едно правило, а тоа е Каде што има сила, нема правдина. Затоа оваа песна за мене е посебна, бидејќи не ја раскажува само мојата приказна, туку и приказната на голем број млади луѓе во државава, а богами и во светот, изјави Апостоловски.