Викторија Бекам бремена по петти пат
09.10.2012 09:33
| KumanovoNews
Дали сопругата на фудбалерот Дејвид Бекам, Викторија Бекам е бремена по петти пат? Изгледа поранешната „Спајсица“ нема намера да запре да раѓа деца се додека навистина не му роди на Дејвид цела фубалска екипа, како што тој изјавуваше порано.

Парот засега не се огласи по овие гласини, но според некои извори Викторија повторно е на „труднички“ режим, односно јаде одредена храна и не пие алкохол.
Таа сакаше уште едно дете пред да наполни 40 години, а Дејвид тоа и го овозможи- вели близок извор на парот.
Парот веќе има три сина и една ќерка.