Вин Дизел во нов трејлер за Riddick
18.06.2013 07:38
| KumanovoNews
По постерот кој беше објавен пред два дена, денеска го имаме и новиот, интернационален трејлер за научно-фантастичната авантура на режисерот Дејвид Твохи, Riddick.

Првиот трејлер се појави пред еден месец, меѓутоа, може да констатираме дека овој е подобар и ни прикажува нови сцени кои делуваат ветувачки, посебно деловите со чудовиштата кои ги напаѓаат платениците и познатиот анти-херој, Ридик.
Во главните улоги се појавуваат Вин Дизел, Кејти Сакхоф, Дејв Баутиста, Нолан Фанк и Џорди Мола. Сценаристот и режисер на првите два дела, Дејвид Твохи, се враќа и за третото продолжение, кое ќе се појави во кино салите на 6-ти септември.