Виолинистот Џорлев ќе промовира нов албум
10.05.2013 08:55
| KumanovoNews
На 15-ти мај во Музејот на македонска борба, виолинистот Зоран Џорлев ќе го промовира својот нов албум.

На албумот насловен „Гласот на виолината“ ќе се најдат 17 инструментални преработки на познати македонски народни песни, а за песните „Параходот“ и „Не си го продавај Кољо“ се снимени и видео спотови кои премиерно ќе бидат претставени на промоцијата.