Вистинска голотија во Сиднеј
25.02.2014 08:21
| KumanovoNews
Соблекувајќи се буквално како од мајка родени граѓаните на Сиднеј сакаа да го урнат рекордот на истовремено капење во океанот без облека.

Sydney skinny привлече околу 700 учесника кои беа подготвени да соблечат се од себе и да испливаат дури 900 метри.
Темата за собирањето е прославување на сите видови градби на луѓето.
На обалата се насобраа храбрите кои гордо ги покажаа своите атрибути.
Некои од учесниците на своите тела дури и испишуваа пораки за поддршка на луѓето кои се мачат со килограмите.