Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фактот дека Витни Хјустон е погребана со злато во вредност од 500.000 долари, не им дава мир ниту на крадците, а ни на семејството на пејачката кое морало да организира и 24 часовна “стража”.
Набрзо по погребот, семејството на починатата пејачка Витни Хјустон ангажирала вооружени чувари кои го чуваат нејзиниот гроб. На прв поглед ова е еден необичен потег, но во суштина е неопходен, бидејќи гробот на Витни веќе извесно време е на мета на крадците.
Сето тоа го натерало семејството безбедноста на гробот на пејачката да ја подигнат на повисоко ниво.
За потенцијалните крадци кои не веруваат во тоа дека постојат и снимки кои неодамна се појавија во медиумите и кои сведочат дека на гробиштата “Fairview” во Вестфилд стражата е навистина обезбедена.
Сепак, овој начин на обезбедување на гробот е привремено решение и семејството веќе сериозно размислува да го цементира гробот и со тоа да сочува се што е во него.