Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викторија Бекам веќе подолго време е на самиот врв во светот на модата, и од година во година, со секоја нова колекција, таа само го подобрува нејзин статус.
Така беше и со нејзината последна колекција за есен/зима 2013/2014 која беше прикажана во Њујорк. Полна со самодоверба, нејзините фустанчиња беа направени според формулата: елегантно, женствено и едноставно. Со ова, Викторија повторно ги освои срцата на понежниот пол, па така нејзините ревии се повеќе стануваат едни од главните случувања на модните недели. Погледнете!