Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Овој викенд, во ноќниот клуб Версај се организира богата летна забава за кумановчани.
Во петок, со почеток од 22 часот во летната кино бавча настапува легендарниот чаирски романтичар Владо Јаневски, а во саботата македонската хип-хоп звезда Тони Зен, кој покрај рапувањето и продуцирањето, беше дел од бендот Урбана Димензија.
Наредниот викенд на 14 јули, недела, со почеток од 21 часот, Версај со задоволство најавува голем летен концерт на најголемата фолк ѕвезда на Балканот, Аца Лукас.