Мени

Влатко Лозаноски ја промовираше “Мандарина“

24.06.2014 14:03 | KumanovoNews

По кратка музичка пауза Влатко Лозаноски ја промовираше нумерата “Мандарина“ за која сними и видео спот на неколку атрактивни места во Охрид и Струга.

Влатко Лозаноски ја промовираше “Мандарина“

Песната е со брз и динамичен поп ритам. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, додека пак текстот е потпишан од Магдалена Цветкоска и Милан Миланов. Видео записот за „Мандарина“ е реализиран од „Горила Филм“, а како режисер на спотот се јавува Огнен Шапкаровски.