Влатко Стефановски и Горан Бреговиќ на иста сцена
19.11.2013 08:43
| KumanovoNews
По долги 20 години балканските музичари Влатко Стефановски и Горан Бреговиќ ќе настапат на концерт во Сарајево.

Големиот концерт е во организација на ондацијата "Горица-Горан бреговиќ".
Со Брега последен пат се сретнавме на концеротот на Џибони во Белград. Пред неколку дена тој ми предложи да настапам на концертот во салата Зетра за заедно да отсвириме нешто-изјави Стефановски.
Пред точно 20 години ние работевме заедно, ја прифатив понудата бидејќи го ценам како некој што направил многу за балканската рок сцена-додаде Стефановски.