Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Влатко Стефановски ја компонира музиката за новиот филм на Антонио Митриќески "Деца на сонцето", каде во самиот филм, чие снимање неодамна започна, Влатко толкува мала улога.
Паралелно со работата на филмската музика, Стефановски го завршува реализирањето на својот најнов соло албум. Секако, тука се и постојаните настапи како соло артист, со Триото, со Кингс оф Стрингс.
Со Џоле и Дино од ВС Трио на 6. и 7. јули ќе настапи во Краљево и во Мали Иѓош (Србија), додека со Кингс оф Стрингс на 23. јули ќе свири во Опатија, а три дена подоцна на Patrimonio Guitar Festival на Корзика.