Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски на 26 август ќе настапи на манифестацијата “Роштилијада“ во Лесковац, Србија.
Посетителите ќе можат да уживаат во музиката на повеќе српски ѕвезди и да вкусат специјалитети од скара меѓу кои и плескавица за Гинис.
“Според податоците на МВР на Србија, минатата година во еден ден во Лесковац пристигнале 17 автобуси од Македонија, поточно од Скопје, Тетово, Куманово и други градови. Ќе се прави и оваа година плескавица за Гинис, а во културно забавниот дел ќе настапи Тропико Бенд, Снежана Ѓуришиќ, Гранд ѕвездите, Ју група, Влатко Стефановски, Хари Мата Хари, плех оркестри и културно - уметнички друштва, - рече Тина Стојановиќ во име на организаторите.
“Роштилијада“ ќе се одржи од 25 до 31 август во организација на Туристичка организација Лесковац и град Лесковац.
Оваа гастрономска манифестација се одржува повеќе од 20 години на централната градска улица во Лесковац.