Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот македонски гитарист Влатко Стефановски синоќа одржа концерт во Нама-кафе. Стефановски со своето трио повеќе од час и половина ја забавуваше публиката, а на репертоар беа неговите познати хитови и преработки на македонски народни песни.
Ова се концерти на кои немаме многу притисок бидејки не се најавени и не се рекламирани и ние доаѓаме опуштено да ги одсвириме. Ова ни е девети концерт низ Македонија. Секогаш е задоволство да се свири за кумановската публика. Имам многу пријатели и врзан сум на многу начини за Куманово. Неодамна ви заврши Тамбурашкиот фестивал, на кој и јас имам настапувано, битно е нешто да се случува, да има концерти да има култура - изјави Стефановски.
Познатиот гитарист ужива во летните настапи и сеуште не работи на нов материјал.
Да бидам искрен неможам да се приберам од патишта за да почнам да спремам нешто. Верувам дека со доаѓање на есента и зимата ќе поминам повеќе време во студио и да се посветам на креативна работа. Засега само мерам километри. Кога ќе имаме нешто посериозно да и понудиме на публиката секако дека ќе го посетиме и Куманово. Сите оние кои не беа вечерва со нас, ќе бидат навремено известени - вели Стефановски.
Концертот на Стефановски беше дел од промоцијата на Амстел пиво. Настанот беше од затворен тип, само за соработниците на кафе Нама, Скопска Пивара и Амстел.