Мени

Влатко Стефановски вечерва на Тамбурашкиот фестивал

24.08.2019 12:18 | KumanovoNews

Големиот македонски гитарист Влатко Стефановски ќе настапи на втората вечер на Меѓународниот тамбурашки фестивал Куманово.

Влатко Стефановски вечерва на Тамбурашкиот фестивал

Стефановски - трио ќе го затвори фестивалот со Мандолински оркестар Скопје, под диреигентска палка на  Ерхан Шукри.

Предходно ќе настапат тамбурашкиот оркестар „Трио гранде“ од Кавадарци и “Хрватски дом Велс“ од Австрија.

Синоќа се одржа првата вечер  со учество на „Кумановски тамбураши“, со вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, „Велос“ од Нови Сад, „Пљевља„ со солистката Тања Шетер, од Црна Гора, Големиот тамбурашки оркестар на РТ „Војводина“ од Нови Сад, со специјалната гостинка Биља Крстиќ.