×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Влатко Стефановски во чест на Битлси

    25.02.2013 09:35 | KumanovoNews

    Под слоганот Модуларност, новото издание на реномираниот белградски Guitar Art Festival ќе се одржи годинава од 12-ти до 17-ти март.

    Влатко Стефановски во чест на Битлси

    Составен дел на програмата ќе биде вечерта посветена на култните Битлси, насловена The Beatles On. Имено, на 12-ти март ќе бидат одбележани 50 години од издавањето на првиот албум на Битлси. Ќе се прославува со изложба, филмски проекции, трибина и голем концерт, со кој всушност започнува годинешниот Guitar Art Festival.

    Цел настан ќе се состои од три дела, а најголемите хитови на Битлси во различни аранжмани ќе ги изведуваат: Влатко Стефановски, Александра Ковач & Београдски глас, Дадо Топиќ, Нено Белан, Бисера Велетанлиќ, Васил Хаџиманов, Кики Лесендриќ.

    Посебна обработка на песни од Битлси подготвува Корнелије Ковач со бендот, како и грчки гитарист Костас Коциолис.

    Но, тука не завршуваат ангажманите на Стефановски за овој период. Имено, тој на 29-ти април 2013-та ќе настапи во Загреб, како дел од проектот Kings of Strings. Триото, во кое освен Стефановски се и Tommy Emmanuel и Stochelo Rosenberg веќе настапи во хрватската престолнина лани, на 20-ти март.