Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дозволата за одржувањето на концертот на Лејди Гага на 3-ти јуни во Џакарта е одбиена врз основа на препораките на полицијата во Џакарта, изјавил портпаролот на националната полиција.
„Фронтот на бранителите на исламот“ претходно најави дека ќе мобилизира 30.000 луѓе кои ќе протестираат пред доаѓањето на пејачката на концертот и ќе ја пресретнат на патот до аеродромот.
Да се носи фустан од месо е премногу навредливо. Некој треба да и каже на Гага дека луѓето се вознемирени, а не импресионирани. Многу млади луѓе заради оваа постапка нема да го купат нејзиниот албум
Ќе ја спречиме да чекори во нашата земја. Подобро би ѝ било да не се осмелува да ја шири својата сатанска вера во оваа земја, изјавил водачот на фронтот Салим Алатас.
Локалниот промотер Мајкл Русли претходно изјавил дека забраната на концертот би била „жална“, додавајќи дека се распродадени сите 52.000 карти за настапот на Гага на стадионот Гелора Бунг Карно.