Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Освен начинот на кој ги правите вежбите и вашиот план за исхрана, голем удел во тоа со какво темпо ги горите мастите зависи од тоа во кој дел од денот имате понапорни физички активности. Според истражувањата, вашиот метаболизам се забрзува во
наредните неколку часа по кардиоваскуларните активности.
Вежбањето наутро е одлично за намалување на телесната тежина бидејќи го тера вашето тело да гори повеќе калории по физичката активност. Бидејќи метаболизмот природно се успорува во вечерните часови, вежбањето навечер не му помага на телото да троши повеќе калории за пократко време. Вежбањето наутро ќе влијае позитивно на вашето расположение, ќе ве релаксира и ќе имате повеќе енергија во текот на целиот ден.
Додатно, бидејќи вечерните вежби ќе го енергетизираат вашето тело до степен до кој нема да можете да се опуштите и заспиете, утринските активности им се топло препорачани на луѓето кои страдаат од хронична несоница или прекинат сон.
Ова значи дека доколку се обидувате да ја намалите телесната тежина, идеално би било да вклопите физички активности како трчање, пешачење или некаков друг спорт од тој вид во вашата утринска рутина, но секако, ова не ги исклучува бенефитите на
вежбањето во вечерните часови.