"Во Парк" нова песна на Влатко и Викторија
20.05.2013 08:11
| KumanovoNews
Популарните Влатко Илиевски и Викторија Лоба деновиве снимија заедничка песна. Станува збор за темата Во Парк,која некогаш со многу голем успех ја имаше изведувано групата Студени нозе.

Како оригиналот, така и римејкот на песната Во Парк ги потпишува Кристијан Габроски. Влатко на МММ ја најави и брзата реализација на видео-записот.