Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изгледа дека продуцирање на различни филмови кои одработуваат слична тематика е тренд кој не запира во Холивуд.
Во 1997 година се појавија два проекти за вулкан кој се “буди” – Dante’s Peak и Volcano; во 1998 се продуцираа филмови за астероид кој треба да се судри со Земјата (Armageddon и Deep Impact), минатата година гледавме два филма за Снежана (Snow White and the Huntsman и Mirror, Mirror), додека оваа година Белата Куќа ќе биде преземена од терористи во Olympus Has Fallen и White House Down. Следната година тој тренд ќе продолжи со два паралелни проекти за пророкот Мојсеј.
Насловот на првиот проект е Gods and Kings, а режисер требаше да биде познатиот Стивен Спилберг. Меѓутоа, тој минатата недела се откажа, па така, новиот фаворит за режисерското столче е Анг Ли, кој оваа година доби Оскар за авантурата Life of Pi. Сеуште нема никаква официјална информација кога овој проект би започнал со снимање.
Вториот проект е на студиото Fox, со работен наслов Exodus. Најсериозен кандидат за режија на филмот е Ридли Скот (Gladiator, Kingdom of Heaven), кој моментално работи на пост-продукцијата на трилерот The Counselor, додека за улогата на Мојсеј студиото настојува да го ангажира актерот Кристијан Бејл. Exodus ќе ја раскажува познатата приказна за Мојсеј, овојпат во стилот на големиот хит од 2006 година, 300.