Во септември нов албум на Аврил Лавињ
11.08.2013 08:19
| KumanovoNews
24 – ти септември е датата кога на пазарот ќе се појави новиот албум на Аврил.

Откако во мај ја промовираше темата „Here’s to Never Growing Up“, таа веќе го најавува петтиот студиски албум. Изданието со наслов како и името на самата пејачка е во продукција на Мартин Џонсон, Макс Мартин и Дејвид Хоџис. Неодамна, канадскава пејачка го објави и вториот сингл од албумот - „Rock N Roll“.