Враќање на „Куку леле“
05.02.2013 10:25
| KumanovoNews
Некогаш актуелното дуо „Куку леле“ се враќа со концерт во скопскиот клуб „Колосеум“ кој ќе се одржи на 2 март.

По десет години, Роберт и Панки се враќаат заедно на музичката сцена, а на концертот ќе ги испеат старите, познати песни.
Концертот е во организација на „Дрим тим“, а билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба. Во улога на водителка ќе ја видиме Лила Стојановска.