×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Време за пензија за Тони Брекстон

    11.02.2013 10:14 | KumanovoNews

    Четириесет и петгодишната пејачка Тони Брекстон изјави дека нејзиниот шести студиски албум „Pulse“, објавен пред три години, е воедно и нејзин последен албум.

    Време за пензија за Тони Брекстон

    Веќе нема да снимам албуми. Толку од мене. Едноставно повеќе не чувствувам љубов кон музиката како порано, а не сакам да работам нешто ако не можам во него да ги внесам моите емоции-Брекстон.

    Пејачката пред две години објави дека боледува од автоимуната болест лупус, поради која во изминатата година два пати беше хоспитализирана.

    Се чувствувам добро физички, но емотивно веќе не сум во музиката. Можеби тоа е криза на средните години, наречете го како сакате. Можеби ќе направам некоја проштална турнеја, но можеби и нема-додаде пејачката.

    Во својата кариера Брекстон сними шест студиски албуми и освои осум „Греми“. Нејзин најголем хит е „Unbreak my heart“ од 1996 година.