White Sensation забаво во Касапски Круг
Викендов во Касапски Круг во Куманово ќе се оддржи White Sensation забава која е сосема различна од сето она понудено до сега.

Организаторите не сакаа да откријат многу детали, само изјавија дека на декорациите и преуредувањето на Касапски Круг работат скоро еден месец, и дека забавата ќе личи на големите White Sensation забави кои се оддржуваат низ светот.
За добрата забава ќе се погрижи Mirock, музичар кој има издавано музика за престижната Stealth Records на Roger Sanchez, и кој премиерно ќе настапи во Куманово.
Локална поддршка ќе бидат Александар Симоновски и Fildzi, додека настанот со свој сет ќе го затвори Никола.
Влезниците се по симболична цена од 50 денари и ќе се продаваат на врата. Настанот ќе се оддржи во Петок, 19.07.2013, со почеток во 22:00 часот, а организаторите ветуваат happy hour и многу бесплатни пијачки за првите посетители.