Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сабота со почеток во 22 часот, клубот WIRE огранизира забава со познатите Гатафул и Марчин.
Гатафул е ДЈ, Дизајнер и Активиста од Скопје. Уште како мал се интересира за музиката. Во почетокот тоа беше гитарски пунк, метал, индустриал звук. Во средината на деведесетите години со експанзијата на елетронската музика доаѓа во контакт со Гоатранс правецот. Од 2005-2008 година станува ди џеј за Македонската издавачка куќа Глоуинг Флејм, а моментално е дел од Македонската независна издавачка куќа форест Визардс рекордс.
Гатафул има настапувано со најреномирани артисти од светската транс сцена како Hallucinogen, Electric Universe, Logic Bomb, Egorythmia, Psymmetrix, Archaic, Braincell, Dymons, Flooting Grooves како и со сите Македонски артисти.
Музичкиот опус варира од даб/чил-аут/даунтемпо до музика за подиум и танца а пред неколку години започнува да експериментира со сопствена музичка продукција под името Трипертоне.
Марчин е еден од најпрепознатливите и најдобри ди џеи во Македонија. Тој е еден од основачите и уредниците на веб сајтот skopjeburning, како и водител на радио Канал 103. Од 2006 година е дел од организацијата OffPop, група на луѓе кои се бават со промотерство на алтернативни жанрови на електронска музика, како електро, acid house, new wave, post punk, kraut. Од 2009 година е организатор на два значајни домашни фестивали: Akto Festival во Битола (фестивал на современа уметност) како и De Sonanz во Скопје (фестивал на музичка и визуелна уметност). Неговиот стил варира од trippy techno, electro, acid house, ebm, psychedelic, space, kraut, new wave, post punk, dub.