Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во петок со почеток во 22 часот, ноќниот клуб Wire со гордост ќе ги претставува едни од најреномираните и најискусни музичари на територијата на Македонија, Новоградска и Калц.
Новоградска е артист кој креира музика и настапува од 1993г. под различни имиња и со различни бендови како Балкан Експрес. Во 1995 год. ја издаваат нумерата "Ајде да летаме" на компилацијата "Нашински звук", додека во 1996 година се прогласени за најдобар бенд по телефонско гласање на емисијата "Досие" на телевизија Сител.
Игор Новоградска е дел од театарската група "B7" во која учествува како композтор, актер и режисер на некои сцени од претставата "Будење 7". Од 1998 создава електронска музика со интересни настапи во живо на кои свири на бас, ситар и дидгеридо со електронска музичка позадина. Во 2000 год. заедно со PMG и Каролина Гочева прави ремикс на неговата песна "Ајде да летаме" од Балкан Експрес.
Пишува музика за театарски претстави (Асвалтирани шуми, Тетовирани души, Дракула, Зад затворени врати, Сина соба и музиката за филмот "Мајки" на Милчо Манчевски. Од 2004 година е член на култниот македонски бенд Мизар, каде настапува како басист.
Игор Калц е млад прогресивен скопски Диџеј. Неговите сетови се фузија од електро, спејс, техно, кои успешно ги меша со психоделик, краут и пост-панк. Во нив преовладуваат длабоки и луцидни бас-линии и звуци инспирирани од Вселената. Со оваа професија се занимава околу четири години и има настапувано со повеќе македонски реномирании звучни имиња на нашата електронска сцена.