Започна оскаровската треска: Линколн доминира со дури 12 номинации
11.01.2013 10:50
| KumanovoNews
Многу холивудски ѕвезди го чекаа денешниот ден со нетрпение. Академијата денеска ги објави номинациите за Оскар, а ниту оваа година немаше преголеми изненадувања.

Очекувано, доминира “Линколн” на Стивен Спилберг со дури 12 номинации (зад него се наоѓа “Life of Pi” со 11 номинации), а многумина уште сега предвидуваат победа и трета златна статуа за главниот актер Даниел Деј-Луис. Сет Мекфарлен, воедно и водител на главната вечер, во друштво на Ема Стоун ги прочитаа номинациите. Погледнете го видеото: