×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнува Евровизиската еуфорија

    09.05.2013 08:42 | KumanovoNews

    Македонската Радио Телевизија како официјална членка на Европската радио дифузна мрежа и  годинава ќе биде дел од најголемиот телевизиски -сценско – музички  спектакл, Изборот за песна на Евровизија 2013.

    Започнува Евровизиската еуфорија

    Благодарение на победата на Лореен од минатата година во Баку, честа да биде домаќин и организатор на 58 то издание на Евросонг, годинава ја има шведска и градот Малме, кој во евровизиската историја по вторпат се јавува како град домаЌин.

    Вчера се одржаа првите  аудио технички  и  сценско визуелни  проби на дел од 39 те земји учеснички на Изборот за песна на Евровизија во Малме , меѓу кои  и  Македонија со наШите претставници : Есма и Лозано, кои и официјално на евровизиската сцена ја представија композицијата  ' Пред да се раздени “ на авторскиот тим : Дарко Димитров, Семјон Атанасов и  Лазар и Магдалена Цветковски .

    Како што изјави Љупчо Мирковски , Шефот на Македонската евровизиска делегација по првата  проба, до почетокот на втората полуфинална вечер, настапот на наШите предстваници Ќе биде доведен до највисоко професионално ниво.

    Нашите  евровизиски представници привлекуваат огромно медиумско внимание на секој чекор за Што сведочат и  интервјуата дадени за бројни електронски и печатени медиуми  присутни во Малме.

    Есма и Лозано заедно со нивните пратечки вокали Нина и Елеонора за Македонија настапуваат под реден број 3 на втората полуфинална вечер на 16 - ти  мај  од 58 то издание на Изборот за песна на Евровизија за 2013 година.

    Нашите претставници Есма и Лозано веќе ја имаа својата прва тонска проба на сцената во Малме.