Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 31 Декември, премиерно ќе започне да се прикажува втората сезона на "Танц со ѕвездите 2"
Во најблескавата ноќ во годината танцовите двојки се подготвуваат да се претстават во најдобро светло во втората сезона од најгледаното талент шоу во Македонија.
Тони Михајловски ќе биде човекот задолжен да го води шоуто и да го направи уште поспектакуларно.
По минатогодишниот успех на кајакарот Атанас Николовски, во втората сезона победникот кој ќе ја понесе титулата за најдобра танцова двојка ќе се бара помеѓу: Радио и ТВ водителот Димитар Атанасовски, каратистката Наташа Илиевска, пејачката Сара Мејс, ватерполистот и фото модел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, новинарката и ТВ презентер Маријана Димовска, музичарот Владимир Франц, фото моделот Александра Накова, актерите Мартин Јовановски и Влатко Илиевски и нивните професионални денс партнери.
И овој пат "Танц со ѕвездите" е подржано и реализирано од страна на Македонската радиот телевизија во соработка со Дрим Фактори.