Мени

Започува модниот викенд во Скопје

22.10.2013 10:45 | KumanovoNews

Денеска со модните ревии на познатите дизајнери Никола Ефтимов, Бобан Илиевски и модниот бренд Дизел, започнува осмото есенско издание на "Моден Викенд" во главниот град.

Започува модниот викенд во Скопје

Со почеток во 19.30 часот церемонијата ќе ја отвори дизајнерот Ефтимов со својата најнова колекција Os filhos de Venus која е инспирирана од Бразил со интензивните бои и радоста на животот и шкотската традиција со помош на карираните материјали.

По официјалното отворање љубителите на модата ќе можат да уживаат во ревијата на дизајнерот Бобан Илиевски "Шик Андеркавер" и колекцијата на "Diesel" со софистициран и класичен изглед на рокерската нишка на брендот.

Утре предавање ќе одржи светскиот познат дизајнер и директор на Fashnion Scout London и Graduate Fashion Week, Мартин Робертс во соработка со Британскиот совет во Македонија со цел подршка на креативните индустрии во Македонија.

Модниот викенд во Скопје ќе трае од 22-30 октомври.

Вкупно 14 учесници ќе ги претстават своите колекции а во Музејот на град Скопје, манифестацијата ќе ја затвори модниот перформанс на дизајнерката Росица Мршиќ.

Победниците ќе бидат објавени на 31 Октомври во "МКЦ Клуб 8 ресторан" каде и ќе се одржи дебата на тема "Пласманот на модата во медиумите" во која ќе бидат вклучени блогери, менаџери и новинари.